20/04/2024
Македонија

На Инфективната клиника од коронавирусот утрово почина Драган Вучиќ

Утрово на Инфективната клиника од коронавирусот почина нашиот познат музичар, композитор и тв водител Драган Вучиќ.

Тој беше хоспитализиран пред осум дена откако состојбата му се влошила и од тогаш е лекуван на одделението за интензивна нега. И покрај сите напори на лекарите и целиот стручен тим, Вучиќ со многу тежок наод на белите дробови, за жал, му подлегнал на вирусот.

„Упатувам искрено сочуство до семејството и блиските.“- вели министерот за здравство д-р Венко Филипче.