25/04/2024
Струга

На „Ќафасан“ лишен од слобода албански државјанин баран со потерница од Интерпол

На 22.07.2019 во 12:10 часот на граничен премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода C.A.(42) од Република Албанија затоа што се барал по распишана меѓународна потерница од Интерпол. Тој бил здржан и предаден во Полициската станица Струга за понатамошна постапка.