20/04/2024
Охрид

На Плаошник отслужена литургија за празникот Собор на Свети Јован Предвесник и Крстител

Денес на празникот на Собор на светиот славен пророк, Претеча и Крстител Јован и во Неделата по Светото Богојавление, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија. Со литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, свештениците Љупчо Бакрачески и Сашо Целески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.

По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа.

За многу години!