На Плаошник отслужена литургија за празникот Св.апотол Тимотеј

Денес, во Неделата на блудниот син и на празникот на светиот апостол Тимотеј, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, а по повод именденот на нашиот надлежен архиереј, Митрополитот Тимотеј, беше отслужена света архиерејска Литургија.

Со литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарскo-кичевски и Админситартор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Никола Христоски, свештениците Љупчо Бакрачески и Сашо Целески и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.

„Од името на Епархијата и сите верни чеда, му го честитаме именденот на нашиот Митрополит, со молитви кон Бога, Он да му дава здравје и уште повеќе мудрост, уште долги години да ја води нашата Епархија и сите верни на патот на спасението, онака како што и досега, мудро и честито нè раководеше и нè водеше на вистинскиот пат. На многаја лета, Високопреосвештени Владико!“- велат од Дебарско-кичевската епархија.