05/03/2026
Охрид

Набавена нова медицинска опрема во ЈЗУ Општа болница Охрид

Болницата доби нова современа медицинска опрема, со што значително се унапредува квалитетот на здравствената услуга и безбедноста на пациентите.

🔹 7 најсовремени пациентски монитори, распределени на:

• Анестезија и Интензивно лекување

• Неврологија

• Интерна медицина

• Гинекологија и Акушерство

🔹 Аспиратори за сукција – вкупно 4:

• 2 аспиратори за возрасни пациенти – за Оддел Анестезија и Интензивно лекување и Интерно одделение

• 2 педијатриски аспиратори – за Неонатологија и Педијатрија

🔹 Инфузиони пумпи и перфузори – вкупно 8 уреди:

• 4 инфузиони пумпи

• 4 перфузори

Распределени на Оддел Анестезија и Интензивно лекување и Интерно одделение, за обезбедување прецизна и сигурна терапија, особено кај критично болни пациенти.

🔹 Гасни анализатори – вкупно 2:

• 1 за Оддел Педијатрија

• 1 за Оддел Анестезија и Интензивно лекување

Овие уреди овозможуваат брза и точна анализа, неопходна за навремена процена на респираторниот и метаболниот статус на пациентите.

Оваа опрема претставува голем чекор напред во унапредувањето на квалитетот на здравствената услуга и директно придонесува за подобра, побрза и побезбедна грижа за сите пациенти.