11/10/2024
Македонија

Нацрт – стратегија за културен развој 2018 – 2022 – втор неофицијален текст (нелекторирана верзија)

Министерството за култура на Република Македонија ја објавува неофицијалната и нелекторирана верзија на вториот нацрт на стратегијата за културен развој 2018 – 2022.

Овој неофицијален документ е подготвен од страна на Работната група формирана во Министерството за култура и претставува подобрена верзија на првичниот нацрт, која ги вклучува прифатените предлози од првиот круг на јавната расправа по текстот и предлозите испратени од засегнатите страни на официјалната е-адреса на Работната група за стратегијата predlozi.strategija@kultura.gov.mk.

Текстот треба да послужи како основа за понатамошната интензивна јавна расправа со сите засегнати страни, која ќе се одвива до конечното усвојување на стратегијата на крајот од оваа година.

Министерството за култура го објавува овој документ во оваа неофицијална форма, со цел тој да биде што побргу достапен до јавноста и сите заинтересирани, кои сакаат да учествуваат со сугестии и предлози за подобрување на текстот.

Вториот текст на нацрт – стратегијата можете да го сочувате на следниот линк.