29/03/2024
Македонија

Над 150 казни изречени вчера за сообраќајни прекршоци на територија на Скопје

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 13.06.2019 спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје, при што се санкционирани 36 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина. Откриени се и 64 останати прекршоци за кои се издадени 19 мандатни платни налози и 45 прекршочни платни налози.
На 13.06.2019 година Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје низ централното градско подрачје презеде и мерки за непрописно паркирање на патнички возила. Притоа, во периодот од 08.00 до 24.00 часот, со специјално возило пајак се подигнати вкупно 54 возила, а преземени се вкупно 63 мерки за непрописно паркирање на патнички возила.