Над 20 милиони заболени од COVID-19

Вкупниот број на заболени од коронавирусот COVID-19 ширум светот го надмина бројот од 20 милиони лица.

До денес, регистрирани се 20,000,367 од кои починати се 733,139 лица.

Најмногу заболени лица регистрирани се во САД (5,196,643), Бразил (3,035,422), Индија (2,214,137), Русија (887,563), Јужна Африка (559,859)…

Најмногу смртни случаи има во САД (165,564), Бразил (101,049), Мексико (52,006), Британија (46,574), Индија (44,466)…

Најмногу излекувани има во САД (2,661,349), Бразил (2,118,460), Индија (1,534,278), Русија (693,422), Јужна Африка (411,474)…