Над два милиони заболени од COVID-19

Вкупниот број на заболени од коронавирусот COVID-19 ширум светот утрово го надмина бројот од 2 милиони лица.

До денес, регистрирани се 2,000,734 заболени лица.

Најмногу заболени лица има во САД (614,246), Шпанија (174,060)Италија (162,488), Франција (143,303), Германија (132,210)…

Најмногу смртни случаи има во САД (26,064), Италија (21,067), Шпанија (18,255), Франција (15,729), Британија (12,107)…

Најмногу излекувани има во Кина (77,816), Германија (72,600), Шпанија (67,504), Иран (48,129), САД (38,820)…