24/04/2024
Охрид

Награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба

По повод 8-ми Декември – “Св Климент Охридски”- Патрон на градот, Општина Охрид распишува :

НАГРАДЕН УЧЕНИЧКИ ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ПОЕТСКА ТВОРБА

Темата на Конкурсот треба да се однесува на Охрид и животот и дејноста на Свети Климент Охридски

По овој Конкурс, Општина Охрид ќе додели три први награди за најдобра поетска творба во три различни категории:

I За ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение);
II За ученици од предметна настава ( од шесто до деветто одд.);
III За ученици во средно образование (од прва до четврта година).

Износот на наградата за првата категорија е 2.000,оо денари;
Износот на наградата за втората категорија е 3.000,оо денари ;
Износот на наградата за третата категорија е 4.000,оо денари.

Изборот на најдобрите поетски творби ќе го прави тричлена жири – комисија, формирана од градоначалникот на Општина Охрид.

Право на учество на овој Конкурс имаат сите редовни ученици од основните и средните училишта на подрачјето на Општина Охрид.

Творбите, во три примероци, во затворен плик, под шифра,најдоцна до 30.11.2018 година, треба да се доставуваат на следната адреса : Општина Охрид – ул. “Димитар Влахов” бр. 57.( со назнака : За Конкурсот за наградни творби и со наведена категорија за која се конкурира).

Творбите пристигнати по наведениот датум нема да се разгледуваат.
Aвторството се докажува со четвртиот примерок ;

Наградите ќе бидат врачени на една од свеченостите организирани по повод 8-ми Декември – Патронот на Охрид.