29/03/2024
Охрид

Наградени ученици од ОУ „Григор Прличев“ по повод Денот на мајката

Учениците од ОУ „Григор Прличев“ повторно први и најдобри. Со пригодна манифестација што во организација на Женскиот центар „Бисера“ се одржа денеска во ОУ „Григор Прличев“, Охрид беше одбележан Денот на мајката. Активно учество зедоа сите училишта од Охрид кои настапија со свои точки, а жири комисија ги избра најдобрите творби и ги награди победниците на конкурсот распишан по повод Денот на мајката.

Ова се наградените ученици од одделенска настава:
 
– Павел Јузмески V2, Прво место на литературен конкурс, ментор Фанче Наумоска;
– Јоаким Костадиноски V2, Второ место на ликовниот конкурс, ментор Фанче Наумоска
 
Наградени ученици од предметна настава кои освоија места  на ликовниот конкурс, под менторство на Ристе Пуцоски.
 
Прва награда – Викторија Печијареска VIII 2 одделение и
Трета награда – Ева Трифуноска VIII 2 одделение.

WebOhrid