20/04/2024
Охрид

Награди за ученици од ОУ „Кочо Рацин“, членови на Вики Клубовите

Во периодот од 1 март до 30 април 2018 година, беа создадени 337 нови статии на Википедија на македонски јазик, а 27 постоечки статии беа надополнети и проширени со текст од страна на членовите на Вики Клубовите во Македонија. На овој натпревар на државно ниво зедоа учество вкупно 48 членови. Наградите на младите Википедијанци, членови на Вики Клубовите во Македонија беа доделени според најдобри остварени резултати.

Учесниците од Вики Клубот од Охрид кој функционира во рамките на ОУ. „Кочо Рацин“- Охрид, под менторство на наставничката Наташа Неданоска, повторно се здобија со многу награди и имаа најдобри остварени резултати.

Најголем број нови статии и најголем број придонеси од овој клуб имаа:

*Прва награда -Каланоски Андреј (41 нови статии и 4 надополнети)
*Втора награда –Мартин Темелкоски (20 нови статии)
*Трета награда -Климент Ставрески(14 нови статии)
и Александар Рајчевски (13 нови статии и 2 дополнети)

*Четврта награда -Николче Тренески (8 нови статии и 1 дополнета)

Сите добитници покрај наградата (бежични мауси, маици со лого, чаши, рачни батерии за мобилен телефони друго)добиваат и „Диплома за најдобри резултати“.