29/03/2024
Македонија

Најава за нестабилно време во попладневните часови

Од УХМР известуваат дека следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со краткотраен силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.