28/03/2024
Охрид

Најмладите од ОУ„Григор Прличев“ дел од кампањата #ShowYouRare #ShowYouCare

ОУ „Григор Прличев“ од Охрид вчеравечер го прослави својот патронат. Својот настап најмладите учесници им го посветија на своите другарчиња со ретки болести.

Своите лица ги насликаја со боите на ретките болести и со тоa и официјално се вклучија во кампањата #ShowYouRare #ShowYouCare.