17/04/2024
Охрид

Најмладите во населбата „Воска“ добија уредено катче за забава

Најмладите жители на населбата „Воска“ добија уредено катче за забава. Со средства од буџетот на Општина Охрид поставено е ново детско игралиште кое е опремено со најсовремени детски реквизити со гумирана подлога. Просторот е соодветно ограден и уреден со урбана опрема.

Со цел да се подобрат условите за забава на децата, претходно беше извршена реконструкција и санација на детските игралишта на неколку локации во општината.