Наместо во изолација, жител од Горенци бил затекнат во угостителски објект

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.С.(39) од с.Горенци, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 13.03.2021 пријавениот бил затекнат во угостителски објект во Охрид, со што не се придржувал кон издаденото решение за домашна изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.