Напад со стаклен предмет во ноќен клуб на „Железничка“ во Охрид, повредено едно лице
На 01.01.2026 во 03:02 часот во СВР охрид е пријавено дека во ноќен клуб на булеварот „Железничка“ во Охрид, С.С. со стаклен предмет го нападнал Д.С., двајцата од Охрид.
Тој се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид и по целосно расветлување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
01.01.2026 / СВР Охрид
