25/04/2024
Охрид

Нападнати три лица пред угостителски објект во Охрид

На ден 26.10.2018 година, во 00:05 часот во полициската станица од општа надлежност Охрид, лицето А.Ш. (19) од Охрид пријави нарушен јавен ред и мир со физички напад. Имено на ден 25.10.2018  околу 21:30 часот додека пријавителката заедно со својот  брат и  другарката се движеле по Кеј „Македонија“, две непознати машки лица на возраст од околу 20 години излегле од патничко моторно возило и почнале вербална расправија со нив. 

Со цел да избегнат конфликт, тројцата се засолнале во еден  угостителскиот објект. По околу еден час, откако излегле од објектот, тие биле пресретнати од истите лица кои веднаш ги нападнале, а потоа  избегале од местото на настанот. СВР Охрид презема мерки за идентификација на напаѓачите и целосно расчистување на случајот.