25/04/2024
Македонија

Наредните денови не очекува дожд, засилен ветер и грмежи

Од УХМР известуваат дека денес, како и во петок преку денот ќе има изолирана појава на нестабилност, претежно во планинските подрачја.

Утре кон крајот на денот и во сабота ќе има поизразена нестабилност, на места со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. Во недела ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи.