29/03/2024
Охрид

Нарушен е јавниот ред и мир на ул. „Марко Нестороски“ и „Железничка“ и Велешта

На 05.08.2019 околу 04 часот, на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид нарушен е јавниот ред и мир, со физички напад од три лица врз А.А.(19) и С.С., двајцата од Скопје. Напаѓачите употребиле метален предмет. СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот.

На 05.08.2019 година во 03,30 часот, на улицата „Железничка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Р.З.(32) од струшкото село Делогожда врз Г.Д.(53) од Охрид. Напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.08.2019 година во 21,45 часот, во струшкото село Велешта, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.И.(46) и неговиот брат Г.И.(51), двајцата од Велешта. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.