20/04/2024
Струга

Нарушен јавен ред и мир на ул. „15 Корпус“ во Струга

На 29 ноември оваа година, во 23 часот и 45 минути, на улицата „15 корпус“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу А.М.(27) од една и Г.М.(34), О.С.(35) и Л.Ч.(37 ) од друга страна, сите од Струга.

Поради утврдена алкохолизираност, Л.Ч. е приведен во Секторот за внатрешни работи Охрид додека останатите лица се повикани на разговор во полициската станица во Струга. По целосно документирање на настанот, полициската станица од Струга ќе поднесе соодветна пријава.