20/04/2024
Охрид

Нарушен јавен ред и мир на ул. „Партизанска“ и кеј „Македонија“

На 28.07.2019 година околу 04.30 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид, Д.С.Ј (18) од Холандија го нарушил јавниот ред и мир. Тој, во алкохолизирана состојба извршил оштетување на патнички автомобил по што, е приведен во полициска станица. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27.07.2019 година во 03,30 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид нарушен е јавниот ред и мир од И.К.( 29) од Охрид кој го нападнал С.Д.( 25) од Скопје. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид против сторителот ќе поднесе соодветна пријава.