24/04/2024
Охрид

Нарушен јавен ред и мир на улицата „Ристо Чадо“ во Охрид

На шеснаесетти април оваа година во 17 часот и 45 минути, на улицата „Ристо Чадо“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со карање помеѓу Б.А( 59), од една и Д.М.(80) и Г.А.(31) од друга страна, сите од Охрид.

Обидот за меѓусебна физичка пресметка е спречен од полициските службеници кои пристигнале на местото на настанот и ги привеле лицата. Против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава.