09/12/2024
Охрид

Нарушен јавен ред и мир со физички напад на ул „Егејска“ во Охрид

На 16.05.2020 во 18.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Егејска“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од А.К.(52) и Н.К.(29) врз Г.Б. (32), сите од Охрид.
Нападнатиот бил префрлен во Општата болница во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. СВР Охрид презема мерки за целосно расветлување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.