25/04/2024
Охрид

Нарушен јавен ред и мир во угостителски објект на ул. „Железничка“

На 04.09.2020 во 11:05 часот во СВР Охрид било пријавено дека во угостителски објект на ул. Железничка бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.Т.(42) од с.Лактиње- Дебарца и Љ.Р.(57) од Охрид од една страна и А.Ф.(39) и М.Т.(34) двајцата од Охрид од друга страна.

Потоа Н.Т. нападнал полициски службеници, кои вршеле службени дејства. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.