19/04/2024
Охрид

Нарушен јавен ред и мир во угостителски објект во Охрид

На 04.08.2018 во 01:30 часот во СВР Охрид е пријавено нарушување на јавниот ред и мир од страна на лицето О.М. од Охрид. Според пријавата О.М. во тоалетот од угостителскиот објект фрлил предмет кој испуштил силна миризба од што, три лица од Скопје се пожалиле на болки и солзење од очите. Набрзо, повикана била итната медицинска помош со чие возило, лицата се пренесени на очното одделение во Општата болница во Охрид каде им е укажана неопходна медицинска помош. Се работи на целосно расчистување на случајот.