20/04/2024
Охрид

Нарушен јавниот ред и мир пред бар во Охрид

На 24.06.2018 година околу 01 часот и 40 минути, на влез во бар во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир.

Настанот е случен откако двајца вработени во обезбедување на објектот не им дозволиле влез на лицата М.Л.(24) и Д.Х.(24), двајцата од Скопје, со образложение дека барот е затворен. Во нарушувањето на јавниот ред и мир учествувал и Р.Б. (42) од охридското село Велгошти.

Секторот за внатрешни работи Охрид, против сите учесници во нарушувањето ќе поднесе соодветна пријава.