05/12/2024
Охрид

Нарушен јавниот ред и мир пред обложувалница во Охрид

На седумнаесетти март оваа година, во 20 часот и 45 минути, пред спортска обложувалница лоцирана на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад, извршен од С.К. врз А.Н.(21), двајцата од Охрид.

По целосно документирање на настанот, полициската станица од Охрид, против С.К. ќе поднесе соодветна пријава.