20/04/2024
Охрид

Населбите Воска и Далјан и сите жители на Охрид добиваат нов инфраструктурен проект, реконструкција на ул. „Гоце Делчев“

Населбите Воска и Далјан и сите жители на Охрид добиваат нов инфраструктурен проект вреден 38.500.000 денари.

Се работи за реконструкција на улицата “Гоце Делчев” каде што Општина Охрид ќе ги инвестира средствата обезбедени од страна на Владата на Република Северна Македонија во рамки на Програмата ТАВ за поддршка на инфраструктурни проекти.

Според првичните планови, овие средства требаше да бидат наменети за реализација на дел од проектот за реконструкција на кеј “Македонија”, но бидејќи за овој проект се уште нема одобрение од страна на УНЕСКО, Општина Охрид одлучи средствата да ги пренамени за реализација на проект во делот на сообрќајната инфраструктура за кој имаше обезбедено комплетна техничка документација и одобрение за градба.

Инвестициите во инфраструктурата се нашиот приоритет и продолжуваме да работиме посветено за обезбедување на подобри услови за сите граѓани.