24/04/2024
Охрид

Наставниците и учениците од ООУ „Св.Наум Охридски“ Пештани со поддршка и мотивирачка порака за кампањата „Ги запознаваме ретките болести“

Симболично, со боење на едната дланка во боите на ретките болести, наставничкиот колегиум и учениците од ООУ „Св.Наум Охридски“ – Пештани заедно испратија симболична порака за безрезервна поддршка и искрена надеж за подобри услови во третманот и лекувањето.

Заедничко беше нивното охрабрувачко мото „ДА БИДЕМЕ МОДЕЛ ЗА ДОБРИ ПРАКТИКИ“ – потенцираат од училиштето.


WebOhrid / 10.02.2023 / ООУ „Св.Наум Охридски“ – Пештани