19/04/2024
Охрид

Наставнички совети за потврдување на оценките за третото тромесечје

Согласно препораките на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование и обука, следејќи го Упатството за оценување на учениците, денеска сите основни и средни училишта на подрачјето на Општина Охрид ќе одржат наставнички совети со цел да ги потврдат оценките на учениците во третото тромесечје од оваа учебна година.

Оценките на учениците ќе бидат формирани врз основа на формативните оценки и согледувања на наставникот во текот на реализација на онлајн наставата и оценките кои учениците ги имале во текот на првото полугодие и редовната настава.

Во согласно со превентивните препораки, наставничките совети ќе се реализираат по електронски пат, преку видео конференција, без заедничко физичко присуство на наставниците во училиштата.

Потврдените оценки на учениците за третото тромесечје треба да бидат внесени во соодветниот Евидентен лист и во е-дневник. Евидентните листови ќе бидат доставени до родителите по електронски пат најдоцна до 13.04.2020 година.