18/04/2024
Охрид

Настески: Пристигнавме во Германија, оваа недела ќе започнат почетните испитувања

 
Семејството на 15-годишната Сара Настеска од Охрид, преку писмо до јавноста испратија информација за пристигнувањето во Германија и стартот на испитувањата пред медицинскиот зафат.
 
„Почитувани сограѓани и сите останати хумани луѓе кај нас и во странство,
 
Ви се обраќаме со почит сакајќи да Ве известиме дека целото наше семејство се наоѓа во Германија. Благодарение на сите вас и Вашата хуманост започнавме со реализација на нашата цел. Овозможено ни беше авансно плаќање на дел од сумата, која е потребна за лекување во клиниката во Германија.
 
Веќе од вчера, 05.11.2018 година, по консултативен разговор со нив, договорено е во текот на оваа недела да се започне со почетни испитувања кои претходат на лекувањето, а ги опфаќаат двете деца.
 
Бидејќи сите вие хумани луѓе станавте дел од нас и од нашето семејство, Ве молиме од срце помолете се кон Бога да биде успешно лекувањето на Сара од нејзиното помало братче Виктор како донор.
 
Дозволете ни да започнеме, а потоа да ве известуваме за лекувањето.
 
Вечно благодарни, од срце, семејство Настески“ – стои во писмото.