Натпреварот помеѓу ЖРК Стружанка и ЖРК Пелистер ќе биде од хуманитарен карактер

Женскиот дерби ракометен натпревар помеѓу ЖРК „Стружанка“ Струга и ЖРК „Пелистер“ Битола, за влез во 1/2 финале ќе биде од хуманитарен карактер.

ЖРК „Стружанка“ неможејќи да учествува на „Трката посветена на децата со Даунов Синдром” поради истовременото одржување на натпреварот, одлучи дерби мечот од Купот против ЖРК „Пелистер“ да го посвети на децата со Даунов синдром.

Натпреварот ќе се одигра во недела (24.03.2019) во 14:00 часот во салата „Нико Нестор“ во Струга. Влезот ќе биде слободен, а донациите – секој според можностите, ќе може да се доделат на посебно обележани места на влезот од салата.

„Бидете дел од денот посветен на децата со Даунов синдром – во недела во 14:00 часот дојдете в сала, заедно да навиваме и да бидеме хумани! Парите наменети за децата со Даунов синдром да ги донираме заедно и со цело срце.“ – повикуваат од ЖРК „Стружанка“.