Научниците создадоа вештачка крв

Експертите ширум светот со години работат на создавање на вештачка крв, но телата кои се тестираат секогаш ја отфрлале таа крв. Научниците од Романија создадоа вештачка крв користејќи вода, соли и протеини од морски црви, при што дојдоа до добри резултати.

Докторот Силаги Думитреску смета дека овој пат ќе успеат, бидејќи протеинот кој го користат, за разлика од хемоглобинот, останува стабилен кога ќе се изложи на физички или хемиски стрес. Тоа значи дека наскоро нема да има потреба за трансфузија на крв од човек на човек.

Доколку оваа крв се покаже како добра за човекот, науката конечно ќе даде одговор на недостигот на крв, а тоа исто така ќе биде и најдобар начин да се спречат некои инфекции кај примателите на крв која е од заразен донатор.