Не паркирај, падају камења
Паркингот во хотелот Десарет денес беше претесен да ги собере сите автомобили, а некои од нив се паркираа дури и покрај опасните карпи кои честопати се одронуваат.
Бидејќи големиот дел од автомобилите беа српски, домаќинот беше принуден да упати предупредување до сопствениците на паркираните возила. Иако фразата „Не паркирај, падају камења“ не е граматички совршена на српски јазик, пораката е јасна – предупредување за ризик од одрон.
WebOhrid / 17.06.2025