24/04/2024
Македонија

Невреме со обилни врнежи во Битола, поплавени куќи и улици

Во текот на вчерашниот ден, Општина Битола беше зафатена од невреме и обилни дождови. Наврнаа 36 литри дожд на еден метар квадратен.

Подрачното одделение за заштита и спасување-Битола при Дирекцијата за заштита и спасување, беше меѓу првите кои излегоа на терен и во координација со екипите на битолските јавни претпријатија и ТППЕ Битола, со својата механизација цела ноќ интервенираа на повеќе поплавени улици и на испумпување на водата од поплавените куќи и станови.

Дирекцијата за заштита и спасување останува на терен со своите материјално-технички и човечки ресурси се до расчистување на последиците од невремето.