29/03/2024
Писма/Колумни

НГИ „Коалиција на Eгипќани“: Ја осудуваме бруталноста на полициските службеници врз Ромите од Битола

Силно го осудуваме бруталното претепување на Ромите во Битола од страна на Полициските службеници. Насилството, за жал, стана начин на живот во Македонија, а на удар се претежно лојалните грагани,и ранливите категории. Ова, состојба не е дозволива, бидејки, истата може лесно да завземе поголеми размери, и состојбата дополнително да ескалира. Ромите и Египќаните не се ,,топовско месо,, за да бидат претепувани. Апелираме до Јавното обвинителство да постапува во овој случај, и тоа може да го направи во конкретниот случајот по чл. 272 од ЗКП да поведе постапка за утврдување на кривичната одговорност на насилниците и тоа за стек на кривични дела каде се се повредени животот и телото на оштетените барем по чл. 130 од КЗ, Слободите и правата на човекот и граганинот каде има повреда на рамноправноста на граганите чл. 137, Присилба чл. 139,Противправно лишување од слобода чл. 140,Мачење и грубо сурово нечовечно или понижувачко постапување и казнување чл. 142,Малтретирање во службата чл. 143,Злоупотреба на службенатс положбата и овластување чл. 353,Насилство, а се со цел во иднина да не се повторуваат вакви непосакувани дејствија, кои го поткопуваат соживотот во нашата заедничка татковина Македонија. Ќе се приклучиме на протестите организирани од страна на Ромските невладини организации и иницијативи.
Со почит,
Демир Далип, лидер на НГИ „Коалиција на Eгипќани“, Дипл.правник
*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.