28/03/2024
Охрид

НГИ „Коалиција на Египќани“ е против покачување на цената на струјата

Египќаните, како една од социјално најранливите категории на граѓани се против покачување на цената на струјата, особено во услови на пандемија, и како што велат, тоа ќе биде дополнителен и силен удар врз џебот на граѓаните, кои едвај врзуваат крај со крај.

„Граѓаните, очекуваа намалување на цената на струјата во услови на пандемија, а парадоксално, добија покачување од 7,4%, што според нас е крајно неприфатливо. Деновиве, ќе собереме Петиција која ќе ја доставиме до Регулаторна комисија, со Барање за преиспитување на веќе донесената Одлука, и ќе предложиме да се намали цената на струјата за 20 %. Исто така, целосно ги подржуваме Протестите, и ги финализираме и нашите активности да Протестираме и во Охрид,“ – истакна лидерот на НГИ „Коалиција на Египќани“, Дипл.правник, Демир Далип.