28/03/2024
Охрид

НГИ Коалиција на Египќани: Поддршка за Мицкоски, секој повик за негова смена е повик за разнебитување и делба на ВМРО-ДПМНЕ

НГИ Коалиција на Египќани целосно го поддржува претседателот на најмоќната политичка сила во Македонија, проф.д-р Христијан Мицкоски, во насока и понатаму да ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, како најмоќна политичка сила во државата. Ова поддршка, доаѓа како резултат на нашата искрена, пријателска и коректна соработка, нашите гледишта во насока на зацврстување на позицијата на ВМРО-ДПМНЕ, како партија која е отворена и за други етникуми. Секое, повикување за негова оставка, практично е повик за разнебитување, ослабување и поделба на ВМРО-ДПМНЕ како политички субјект, кој ги штити националните интереси на државата Македонија, но истовремено води и интегрирачка и инклузивна политика за помалите заедници. ВМРО-ДПМНЕ е потребна на Македонија, и напоменуваме дека секој повик за оставка на претседателот Мицкоски е нелогичен, некоректен и оди на штета на Македонската нација, нација која е деетнизирана и поврзана со државата Македонија, вели лидерот на НГИ Коалиција на Египќани, дипл.правник Демир Далип.