Ниту болницата е лево, ниту пак Галичица е десно!

Паднатите информативни патокази на спојот на улиците „Јане Сандански“ и Димитар Влахов“ се привремено ставени обратно на металната ограда, така што може да збунат многу гости кои го посетуваат Охрид. Во овој случај, ниту Болницата е лево, ниту пак Националниот парк Галичица е десно.

Многу често се случува овие патокази да се оштетат од страна на несовесни граѓани, но и има и такви кои паѓаат поради дотраеност на нитните кои ги држат, особено при силни ветришта.

WebOhrid