Ногачески: Сите патишта во Дебрца се проодни

Екипите на општина Дебрца во текот на изминатата ноќ, до рано утрово работea на расчистување на снегот.

„Општинската механизација дејствуваше до пет часот изутрина. Сите патишта во Дебрца се проодни. Во текот на денов останува да се доочистат патните правци до повисоките места Сливово, Турје, Мраморец и Црвена Вода“- вели градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.