20/04/2024
Македонија

Нов културен бран: Есенски џез караван во Делчево

Со концерт на младите, атрактивни и енергични музички состави Fierce и MusaIQ, вечерва од 20 часот во Спомен-домот „АСНОМ“ во Делчево започнува манифестацијата „Есенски џез караван“. Настанот е дел од Новиот културен бран, поддржан од Министерството за култура, а покрај во Делчево продолжува и во Пробиштип и Крушево.

На „Есенскиот музички караван“ настапуваат состави што се дел од најмладата генерација македонски џез-музичари, чиј стил се движи во границите на современиот џез, вклучувајќи силни и иновативни рифови, ритми и мелодии.

Во интересниот и прогресивен бенд MusaIQ членуваат Калина Велковска – вокал , Петар Лукиќ – клавијатура, Иван Петровски – гитара, Никола Бочваров – бас и Александар Ванчовски – тапани. Бендот Fierce, пак, го сочинуваат Горјан Стојменовски (гитара), Виктор Филиповски (тапани), Марко Василевски (контрабас), Борислав Веселинов (саксофон) и Сенад Усеин (труба). Fierce се моментално актуелни со својот прв албум.