Нов културен бран во Струмица: Стартува „Реге караванот“

Во сабота (25 ноември), во клуб „Индустриал“ во Струмица ќе се одржи еден од повеќето концерти од проектот “Реге караван” кој се одржува како дел од Манифестацијата „Нов културен бран“, со поддршка од Министерството за култура…

Носители на проектот се бендот Конкеринг лајон (Conquering Lion) од Тетово, еден од најактивните македонски реге состави во изминативе 10 години, состав кој активно работи на промоција и ширење на овој културен правец во земјава и регионот.

Цел на проектот е Македонија да се издигне на ниво на другите европски земји, каде што веќе се случуваат големи настани и работилници посветени на реге музиката и растафаријанската култура. Првиот настап на Conquering Lion е во Струмица. Влезот е слободен.

Во декември, „Реге караванот“ ќе продолжи и во Гевгелија, Велес и на Попова Шапка.