24/04/2024
Спорт

Нов пораз за АВ Охрид во АБА 2 лигата

Екипата на АВ Охрид гостуваше во Мостар во рамките од 4 рунда од натпреварите во АБА 2 лигата. Домашната екипа Зрињски Мостар доминираше во текот на целиот натпревар и успеа да победи со 93-62 (32-24, 24-16, 23-10, 14-12).

„Задоволен сум со победата, му честитам на Охрид за овој фер и коректен натпревар. Ние тргнавме многу лошо, ни требаше време да се уиграме. Во одредени моменти не изгледавме најдобро, но сепак не можам да бидам незадоволен од победата“. – изјави Хрвоје Влашиќ, тренер на Зрињски Мостар.

„Му честитам на Зрињски за дочекот како домаќин. Со екипа која на плејмејкерската позиција има 10 асистенции не може да се очекува резултат, а домаќинот имаше 23 асистенции што ни кажува дека нешто не функционираше. на домаќинот му посакувам многу среќа во продолжението од првенството“. – изјави Петар Чочороски, тренер на АВ Охрид.

„Натпреварот во кој бевме ставени на тест на зрелост се покажа успешно, им честитам на момците за победата, тоа е најважното што не засега. Благодарност до клубот од Охрид за овој фер натпревар и им посакувам многу успех понатаму. Ние се насочуваме кон нашиот понатамошен распоред каде имаме една недела слободна, пред натпреварот во Чачак каде се надевам дека ќе направиме серија“. – изјави Александар Соколовиќ, играч на Зрињски Мостар.

„Му честитам на домаќинот за победата, резултатот на крај не е мерило за натпреварот, едноставно не напушти среќата“. – изјави Бранко Јанески, играч на АВ Охрид.

WebOhrid