19/04/2024
Охрид

Нов зелен појас на крстосницата помеѓу булевар „Туристичка“ и улицата „АСНОМ“

Се засадува нов зелен појас од украсно зеленило на тротоарските рабови на кружната крстосницата помеѓу булевар „Туристичка“ и улицата „АСНОМ“. Во делот на подготвителните  активностите за засадување на зеленилото беа ангажирани екипи на ЈП „Охридски Комуналец“.

Покрај уредување на зелениот појас се врши и партерното уредување на просторот од страна на екипите на ЈП „Нискоградба“ и ЈП  „Градски гробишта“. Според планираното, ваква ограда од зеленило ќе биде засадена и на тротоарските рабови од останатите кружни крстосници на булеварот „Туристичка“.