18/04/2024
Македонија

Нова акција на МВР за санкционирање на таканаречените диви тркачи

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје продолжи со засилените сообраќајни контроли на подрачјето на Скопје со цел спречување на организирање и учество на диви трки на мотоциклисти на улиците „Џон Кенеди“, „Лазо Трповски“, „Втора Македонска бригада“, ” Христијан Тодоровски Карпош”,  “Цветан Димов”,  “Митрополит Теодосиј Гологанов” и булеварите “Јане Сандански”,  ”Партизански одреди” и “Србија”. 

Така и во текот на изминатата ноќ, односно во периодот од 19,00 до 01,00 часот на 09/10.05. беа извршени контроли и беа преземени 23 прекршочни мерки (управување на моторцикал со брзина поголема од дозволената, поминување на црвено светло и други прекршоци). Едно лице кое управувало моторцикал без возачка дозвола е приведено во Полициска станица “Кисела Вода”, поради сомнение за сторен царински прекршок.

Како што МВР веќе информираше во текот на претходната акција (08/09.05) беа регистрирани 15 прекршоци.

Секторот за внатрешни работи Скопје ќе продолжи со спроведување редовни контроли за спречување на организирање и учество на диви трки на мотоциклисти во Скопје.