15/10/2024
Охрид

Нова акција за чистење на крајбрежјето кај Љубаништа

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ денеска започнаа нова акција за чистење и собирање на отпадот кој во текот на изминатите неколку денови,  беше натрупан на крајбрежјето на Охридското Езеро во потегот од кампот Љубаништа до границата со Република Албанија.

Во рамки на денешните активности биле подигнати остатоци од пластична амбалажа, најлонски кеси, картонска амбалажа и други видови на цврст отпад, кои како резултат на интензивните врнежи во водите на езерото биле исфрлени преку реката Черава.

Со  оглед на големите количини на натрупани отпад и тешко пристапниот терен на одредени локации, акцијата за чистење ќе  се одвива и во текот на наредните денови.