18/04/2024
Охрид

Нова фасада во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“

Започна реализацијата на проектот за  поставување на најсовремена енергетски ефикасна фасада на објектот од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“. Станува збор за инвестиција  на Министерството за образование во соработка со општина Охрид. Во рамки на проектот предвидено е  реновирање на училишната работилница.

Изминатиов период во оваа образовна институција  беше реконструиран кровот,  променета  е дограмата, а  се поставија нови тавани во сите простории. Објектот доби и ново ЛЕД осветлување.

Со средства на општина Охрид наредниов период е предвидено да бидат поставени и нови подови во сите училишни простории.