25/04/2024
Охрид

Нова фекална канализација на улиците „Будва“ и „Винковачка“

Екипи на ЈП „Нискоградба“, работат на поставување нова фекална канализација на улиците „Будва“ и „Винковачка“. Увид на градежните зафати направи градоначалникот Кирил Пецаков.

Според проектот,  на улицата „Будва“ фекалната канализација е во должина од 225 метри, а се поставуваат Ф300 цевки, додека на улицата „Винковачка“ е 135 метри, а се поставуваат Ф200 цевки.

Вкупната вредност на проектот изнесува 1 977 516 денари.