28/03/2024
Охрид

Нова хоризонтална сигнализација на градските сообраќајници

Општина Охрид како дел од предвидените програмски планови за одржување на сообраќајната сигнализација, во текот на наредните денови ќе реализира активности за хоризонтално обележување на улиците на територија на општината.

Активностите ќе се одвиваат во вечерните часови кога на сообраќајниците гравитира значително намален број на возила.

Се упатува молба до учесниците во сообраќајот да ја почитуваат поставената сигнализација која ќе биде поставена во текот на теренските активности и да ја прилагодат брзината на движење.


WebOhrid / 21.06.2022 / Општина Охрид